Рускиот суд го казни „Гугл“ со 41.000 долари

од Stefanija Kuzmanovska

Прекршочниот суд во Москва денеска го казни „Гугл“ со 41.000 долари за одбивање да ги локализира податоците за Русите со база на податоци на руска територија.

Компанијата е казнета затоа што не ги исполнила своите обврски да обезбеди снимање, обработка и складирање на лични податоци на руски граѓани со користење база на податоци на територијата на таа земја, пренесува „Ројтерс“.

Казната доаѓа во време на поширок конфликт меѓу Русија и најголемите технолошки компании, а во мај рускиот суд ги казни американските гиганти „Гугл“ и „Фејсбук“, бидејќи тие не ја избришаа содржината што Москва ја смета за нелегална.

„Фејсбук“ тогаш беше казнет со 354.000 долари по осум различни основи, додека „Гугл“ треба да плати 82.000 долари врз основа на судската одлука.

Слични содржини