Руските клинички испитувања на вакцината влегуваат во последната фаза

од Vladimir Zorba

Руското Министерство за одбрана и Националниот центар за истражување за епидемиологија и микробиологија, Гамалеи ја започнаа последната фаза од клиничкото испитување на вакцината против коронавирус.

Според соопштението на Министерството за одбрана, тестирањето на првата група волонтери чијашто безбедност и толеранција на вакцината е тестирана, ќе заврши на 15 јули.

Друга група на волонтери кои се тестираат за ефикасност и имуногеност на вакцината, ќе бидат инјектирани со друга компонента на вакцината против коронавирус.

Во втората фаза, целта е да се зајакне имунолошкиот систем и да се продолжи ефектот на вакцината.

Додадено е дека волонтерите се чувствуваат добро, дека немаат никакви проблеми, несакани ефекти, а првата група ќе биде ослободена од воената болница Бурденко, откако ќе ги поминат последните тестови, пренесува ТАСС.

Резултатите од тестовите на вакцината за Ковид-19, спроведена на група волонтери во Русија, покажуваат дека тие развиваат имунитет на коронавирусот.

„Според протоколот за истражување, волонтерите редовно се тестираат за антитела и клеточен имунитет. Податоците покажуваат дека волонтерите од првата и втората група се здобиваат со имунолошки систем по инјектирање на вакцината против вирусот“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Слични содржини