Руските лекари предупредуваат: Внимавајте, постојат лажни симптоми на коронавирусот

од Nikola Popovski

Лажни симптоми на коронавирус можат да се појават кај луѓеto склони кон хипохондрија – тие можат да имаат треска, кашлица и болка во градите, изјави имунологот Владимир Болибок за порталот „Njuz.ru.“

 

Според него, прекумерната загриженост и стравот од пандемија навистина можат да предизвикаат одредени заболувања. На пример, стресот доведува до зголемено ослободување на хормоните од надбубрежниот кортекс, што може негативно да влијае на имунолошкиот систем.

„За праисториските луѓе, стресот им го спасил животот, затоа што во таква состојба лесно можеле да се борат со животинскиот свет. Денес, ваквиот „стимуланс“ ретко му е потребен на човекот, затоа што современиот свет е доста безбеден “, потенцира имунологот.

Според најновите податоци на WorldoMeters, преку еден милион луѓе низ светот се заразиле коронавирусот, а над 50.000 починале.

Слични содржини