Руските сили го гранатираа Змискиот остров и Одеса

од Stefanija Kuzmanovska

Руските сили утринава истрелаа ракети врз Змискиот остров во северозападниот дел на Црното Море, од кој се повлекоа на почетокот на неделава.

Цел на напади бил и блискиот град Одеса, објави Серхи Братчук, портпарол на воената управа на тој град.

Да потсетиме, неколку воени експерти рекоа дека сметаат дека повлекувањето на Русија од Змискиот остров и „добрата волја“ како што е претставена од Москва е всушност тактичка одлука бидејќи тие острови тешко се бранат, но лесно можат да бидат нападнати со ракети, што е случај сега.

Братчук на својот канал на Телеграм изјави дека две ракети предизвикале „значителна штета“ на пристаништето на островот, пренесува „Гардијан“.

Тој додаде дека и Одеса била нападната пред зори и дека биле погодени два комбајна и уништени се 35 тони жито.

Слични содржини