Руските сили тврдат дека одбиле напад со дронови на Крим

од Stefanija Kuzmanovska

Руските власти денеска соопштија дека собориле украински беспилотни летала на Крим, неколку дена по посетата на претседателот Владимир Путин на тој полуостров, кој беше анектиран од Москва.

Во понеделникот вечерта, противвоздушната одбрана одби напад со беспилотни летала во близина на градот Џанкој на Крим, објави Рускиот истражен комитет, телото задолжено за најважните истраги.

„Целта на сите соборени беспилотни летала беше цивилна инфраструктура“, додаде комитетот.

Гувернерот на Крим назначен од Москва, Сергеј Аксинов, изјави дека едно лице е повредено кога остатоци од дрон паднале врз куќа и продавница.

Советникот на Аксионов, Олег Крјучков, ги обвини украинските власти дека го извршиле нападот како „одмазда“ за припојувањето на Крим кон Москва, неколку дена по деветгодишнината од таа анексија.

Во саботата Путин беше на Крим, во Севастопол, каде ја посети домашната база на руската Црноморска флота.

Рускиот претседател потоа отиде во Мариупол, украинскиот пристанишен град кој беше освоен од руските сили по опсадата што остави голем дел од тој град во урнатини.

Слични содржини