Руските власти го ограничија пристапот до Инстаграм

од Nikola Popovski

Руското регулаторно тело за медиуми, Роскомнадзор, денеска соопшти дека го ограничува пристапот до платформата Инстаграм низ целата земја, која ја обвини дека шири „повици за насилни дејствија против руските граѓани, вклучително и воениот персонал“.

Одлуката беше објавена во време кога Русија ја продолжува инвазијата на Украина.

Мета, сопственик на Фејсбук, Инстаграм и апликацијата Ватсап, претходно денеска изјави дека „дозволува форми на политичко изразување што вообичаено би ги прекршиле правилата на насилен говор, како што е „смрт за руските напаѓачи“.

Мета посочи дека „и понатаму нема да дозволат повици за насилство врз руски цивили“.

Слични содржини