Руско Министерство: Подготвени сме за преговори, но без предуслови

од Nikola Popovski

Русија е подготвена за преговори со Украина, но без предуслови, ја пренеле руските државни медиуми изјавата на рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершинин.

Во интервју за државната телевизија „Звезда“, Вершинин рекол:

-Да, според традицијата, сите непријателства завршуваат со разговори и секако, како што веќе рековме, ќе бидеме подготвени за такви разговори, но само доколку тоа се разговори без предуслови, разговори кои би се засновале на постоечката реалност.

Тој додал дека одлуката за преговори со Русија не треба да ја донесат Украина, туку САД и ЕУ.

– Одлуките не се носат во Киев, одлуките се носат во други престолнини, пред се во Вашингтон и во Брисел. Затоа, таму треба да се испратат прашањата, изјавил рускиот функционер.

Москва постојано тврдеше дека е подготвена да преговара со сите страни вклучени во војната во Украина, но дека Киев и нејзините сојузници одбиле да учествуваат во преговорите.

Кремљ соопшти дека ќе војува додека не се постигнат сите нивни цели, додека Украина соопшти дека нема да запре додека секој руски војник не биде протеран од нејзината територија.

Слични содржини