Руско МНР: Одговорот на натрупувањето на НАТО војници ќе биде пропорционален

од Vladimir Zorba

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека одговорот на Москва на натрупувањето на војници на НАТО во Полска ќе биде пропорционален, пренесе агенцијата Интерфакс, повикувајќи се на изјавата на рускиот дипломат Олег Тјапкин, пренесе Танјуг.

„Одговорот, како и секогаш, ќе биде пропорционален и соодветен, со намера да се неутрализираат потенцијалните закани за Руската Федерација“, рече Тјапкин, кој е вршител на должноста шеф за односите на Русија со ЕУ во Министерството за надворешни работи.

Слични содржини