Рускоска: Истрагата за рекламирање на портали ќе се прошири и кон други политички партии

од Берта Китинска

Обвинителката Вилма Рускоска најавува дека истрагата која ја започнаа денеска ќе се прошири и кон други политички партии.

Утрово ОЈО во соработка со МВР од три фирми одзеде документација за проверка кој, на каков начин и за која сума се рекламирал како платена политичка програма.

-Денеска истрагата почна за една политичка партија, но има сознанија и за други политички партии така што веројатно истрагата ќе ја прошириме- изјави обвинителката Вилма Рускоска за Сител телевизија.

Се започнало од Министерството за внатрешни работи, кое доставило до ОЈО известување со кое постои сомневање дека политичките партии за време на предизборниот период платиле политичко рекламирање на интернет портали што биле непосредно отворени и со мала посетеност.

Слични содржини