Рускоска за обвинувањата на Мицкоски: Ако има замерка на моето постапување, нека пријави

од Vladimir Zorba

Како многу невкусно го оцени користењето лични имиња обвинителката Вилма Русковска, во врска со вчерашната прозивка од страна на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој на „Граѓанскиот протест против неправдата“, посочи дека таа работи за лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев.

-Мислам дека е многу невкусно лични имиња да се користат во предизборна кампања. Доколку кој било има замерка на моето постапување тоа треба да го пријави. Ако нема доверба во јавниот обвинител на Република Македонија, тогаш до Советот на јавните обвинители, рече Русковска во врска со вчерашниот говор на Мицкоски.

Слични содржини