Руското МНР: Четири земји не можат да бидат посредници во мировниот процес за Украина

од Stefanija Kuzmanovska

САД, Велика Британија, Франција и Германија не можат да бараат улога на неутрални посредници во мировниот процес во Украина, бидејќи тие се вклучени во конфликтот со Русија, изјавија од руското министерство за надворешни работи за РИА Новости.

Во врска со предлогот на поранешниот шеф на Минхенската безбедносна конференција, Волфганг Ишингер, да се создаде контакт група за Украина со цел да се започне мировниот процес, руското МНР соопшти дека официјално не знаат ништо за оваа иницијатива.

Ишингер изрази мислење дека во таа група треба да бидат САД, Велика Британија, Франција и Германија, а од руското министерство велат дека неговата идеја отвора легитимни прашања, пред се затоа што „сите четири споменати земји се самите учесници во конфликтот со Русија, кој продолжува на територијата на Украина“.

Слични содржини