Руското МО: Сакаме да воведеме воена обука во руските училишта

од Stefanija Kuzmanovska

Руското министерство за одбрана го поддржува воведувањето воена обука во руските училишта, јавуваат локалните медиуми.

Валериј Герасимов, началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, во писмо до Сергеј Миронов, лидерот на рускиот парламент, изразува поддршка за воведување основна воена обука во училиштата, пренесува руска „Известија“.

Тој руски весник го цитира Герасимов, кој рекол дека за воена обука во последните две години од школувањето треба да се одвојат 140 часа.

Слични содржини