Русковска ќе го анализира материјалот на Милошоски, па ќе одлучи како натаму ќе го користи

од Aleksandar Todeski

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција преку соопштение извести за средбата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Анотнио Милошоски, со обвинителката Вилма Русковска.

„Денеска во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на негово барање, обвинителката Вилма Русковска го прими пратеникот Антонио Милошоски. На средбата Милошоски достави аудио материјал за кој по преслушувањето и анализа на истиот ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за понатамошно користење на материјалот“, стои во соопштението.

Милошоски по средбата со Русковска рече дека на обвинителката и доставил само еден разговор, оној кој го објавуваше на Комисијата за европски прашања. Иако на пленарна средница бараше дозвола од собранискиот спикер Талат Џафери да објави уште еден аудио запис, за што не доби дозвола, Милошоски во изјавата пред Обвинителството рече дека дал се што поседува, односно само едниот разговор, што остава сомнеж дали пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ навистина имал уште нешто за објавување кога од Џафери бараше да објави нешто.

„Дадов се што имам, ако добијам други материјали, ќе ги доставам и тие. Направивме уреден запис и обвинителката рече дека ќе го вметне како доказ во обвинението за Меѓународниот сојуз. Ова дава сомнеж дека Зоран Заев знаел како се финансирал Сојузот, а помагал и при финансирањена 1ТВ“, рече Милошоски по средбата.

На новинарско прашање дали прашал до каде е случајот „Моќник“ во кој тој е првообвинет, кој со новиот Закон за Јавно обвинителство е надлежност на обвинителството на Русковска, тој само кусо одговори дека немал причина да се интересира за случајот.

А.Т.

Слични содржини