Русковска на суд ќе побара отштета од 10.000 евра од ВМРО-ДПМНЕ 

од Берта Китинска

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, на 23 септември на суд ќе се соочи со раководството на ВМРО-ДПМНЕ .

Повод за тужбата на обвинителката е поради содржината на изборниот спот на опозициската коалиција, насловен како „Криминална приказна“. Станува збор за спот во мајка му чита приказна пред спиење на своето дете и во еден дел го споменува името на Вилма Русковска.

Русковска ќе бара отштета од 10.000 евра.

Слични содржини