Русковска: Не успеа обидот на одбраната да докаже дека Нинџа не бил во седиштето на партијата

379 прегледи

Не успеа обидот на одбраната да доказе дека Александар Василевски Нинџа не бил во седиштето на политичката партија, ова го посочи обвинителката Вилма Русковска во рамки на денешното рочиште за „27. април“.

Русковска вели дека вештото лице кое било ангажирано, требало да ги земе оригиналните цедиња од мобилните оператори и врз база на тоа да извеши вештачење, а не да вештачи врз основа на скенирани докази на обвинителството.

„Ако се погледат листинзите од движењето на Александар Василевски Нинџа на тој ден ќе се види дека едниот телефон бил исклучен некаде после 16 часот, а вклучен после 22 часот. Другиот телефон пак е исклулен неладе после 18 часот и тој е вклучен некаде после 22 часот. Тоа е според листинзите кои обвинителството ги прибави од мобилните оператори“, истакна Русковска.

Може во детали не беа презентирани комплетно листинзите, нагласи Русковска, но тие како доказ стојат во предметот и судот ги има на увид.

„Оргигиналните цедиња кои на обвинителството му се доставени од мобилните оператори и врз база на тоа е направена нашата анализа. Вештото лице кое го ангажираше одбраната требаше истото да го направи. Да ги земе оригиналните цедиња од мобилните оператори, кои се дадени во предметот и се наоѓаат во Судот и врз база на тоа да изврши вештачење, а не да вештачи врз основа на скенирани докази на обвинителството“, посочи обвинителката.

Слични содржини