Русковска: Побарав вештачење на телефонот со кој е сликан Рашковски, но лицето не го донесе

од Nikola Popovski

Го контактирав сопственикот на порталот каде што беше објавена фотографијата од Рашковски и побарав лицето кое го снимало да дојде во ОЈО, како би се извршило форензичко вештачење на телефонот, изјави Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

Таа информира дека за жал никој не се појавил, ниту се јавил.

-Тоа го направив затоа што судот нема да ни вповерува само на збор и пишување во портал дека Рашковски е забележан после времето, што е одобрено за излез од домашниот притвор, информира Русковска.

Слични содржини