Русковска: Случајот „Меѓународен сојуз“ е врв на криминален девијантен ум

од Берта Китинска

Денеска во Kривичниот суд во Скопје се одржува новото судско рочиште за предметот кој се однесува на невладината организација Меѓународен сојуз – Скопје, на Бојан Јовановски – Боки 13.

„Хуманитарната организација „Меѓународен сојуз“ била формирана лажно како да е под покровителсрво на ЕУ, а злоупотребена за да бидат измамени бизнисмените Адријан Амзоски и Сиљан Муцевски“, беше кажано во воведните зборови на Обвинителката Вилма Русковска.

Таа објасни дека организацијата Меѓународен сојуз била формирана како што треба и на почетокот помагала на ранливи категории, се до моментот кога имале намера да градат станови за возрасни лица.

„Да формираш хуманитарна организација и од самиот почеток таа да ја темелиш на лага дека зад тоа стои ЕУ и сите да ги убедуваш во тоа е врв на еден криминален девијантен ум“, рече Русковска.

На што Бојан Јовановски  веднаш и возврати со зборовите:

„За обвиниението можам да кажам – девијатно алкохолизирано обвиниение“.

Слични содржини