Русковска: Сопственикот на „Беса транс“ бил втор возач во еден од автобусите, го носел и неговото семејство

од Nikola Popovski

Шефица на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска разговорала на местото на несреќата на автопатот „Струма“ со сопствениот на компанијата „Беса Транс“, Беким Хаџиу. Според неа, тој бил втор возач во еден од автобусите што биле на патувањето во Истанбул.

-Кажа дека овој автобус возел позади нив. Значи тие биле стигнати на граничен премин во Бугарија, а овие еден или два автобуси позади. Тогаш ми кажа дека тој и сопругата биле во вториот автобус, а во четвртиот биле неговите деца, син и ќерка. Беше видно вознемирен и потресен, рече Русковска во изјава за ТВ Телма.

Обвинителката информира дека го прашала Хаџиу дали носеле резервни канти со гориво, на што тој одговорил дека „нема шанси тоа да се случило“.

-Ова е неформален разговор на самото место на настанот. Го прашав дали некој патник случајно може да купил петарди за Нова година, а тој исто беше дециден дека не, вели Русковска.

Слични содржини