Русковска, Трајчева и Јосифовска деновиве ќе бидат сослушани во обвинителството

од Берта Китинска

Наредниве денови обвинителките за организиран криминал Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска ќе бидат сослушани во скопското јавно обвинителство.

Претходно, против нив кривична пријава за злоупотреба на службена положба поднесе екс-директорот на Финансовата полиција, Арафат Муареми, нивниот претрес во канцелариите на Управата.

Од скопското обвинителство брифираат дека изминатиов период веќе бил сослушан пријавителот Муареми, а наскоро ќе бидат повикани и пријавените обвинителки.

На 18 јули Обвинителството за организиран криминал, изврши претрес во Управата за финансиска полиција. Од Обвинителството тогаш посочија дека станувало збор за обемна документација и оти во истрагата биле опфатени повеќемина вработени во Управата. Русковска наредбата ја дала по пријава на група граѓани против директорот.

Инаку Финансиската полиција е еден од двата клучни органи на откривање на финансиски криминал и корупција, покрај Секторот за организиран криминал во МВР.

Слични содржини