Русковска вели суспендирана е правдата

од Берта Китинска

Ова не го сметам за суспензија на Вилма Русковска, туку за суспензија на право и правдата. Моите предмети нема да продолжат со несмален интензитет, како што рекоа. Не верувам дека некој сега ќе постапува по истите, изјави Вилма Рускоска, главната обвинителка за организиран криминал и корупција, вчера по поднесувањето на жалба до Советот на јавни обвинители за решението за дисциплинска постапка и суспензија и пред медиумите рече дека кога така се постапува со неа, тогаш тоа значи блокада за работата на другите нејзини колеги.

Според обвинителката, не е точно тоа дека не смеела да нареди претрес во Управата за финансиска полиција само поради тоа што пријавата била анонимна.

– Обвинители не кажуваат дали претресот е законит или незаконит, туку за тоа одлучува судит. Дали е анонимна пријавата, таа сепак е за кривично дело и по истата мора да се постапува, така е според закон, неведе таа.

Од претресот во финансиска полиција, не се дошло до потребните докази. Рускоска вели дека Муарем и испратил само 30 барани предмети кои воопшто не му биле потребни на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

– Не дојдовме до докази при претресот, затоа што треба да ни достават помеѓу 250 и 300 предмети, а ни беа доставени 30-тина од кои повеќето не ни беа потребни. Ниту еден предмет не ни е доставен од тие што ги баравме, рече Рускоска и додаде дека планирала да напише барање за казнување на финансиска полиција како институција, истакна обвинителката.

Слични содржини