Русковска за „27 април“: Сѐ било испланирано, секој од обвинетите имал своја улога

од Берта Китинска

Обвинителката Вилма Рускоска на денешното рочиште за настаните на 27 април достави изменето обвинение пред завршните зборови.

Во своето излагање таа нагласи дека упадот бил организиран, но не бил познт датумот.

„Сѐ се знаело, сѐ било испланирано, само не се знаел датумот. Обвинетите знаеле што прават, не биле изманипулрани. Обвинителството докажа дека секој од обвинетите имал своја улога, како пред настаните, така и на 27 април. Улогата на Вељаноски била да се спречи избор на претседател на Собранието, на Спиро Ристовски и Миле Јанакиески е да ги организираат протестите „За заедничка Македонија“ и да се спречи изборот, а на Владимир Атанасовски со акти на насилство да се спречи изборот“, рече Рускоска.АЈЧЕВСКА ЗА „ЛОКАЛНО“:

Таа на денешното рочиште цитираше пораки од поранешниот премир Никола Груевски кој е во бегство и ги посочи дејствијата кои ги презеле сите обвинети, како и дел од осудените во претходната постапка на судењето за настаните од „27 април“.

„Во почетокот на 2017 година по неуспешните преговори за формирање на влада, Спиро Ристовски, Владимир Атанасовски, Никола Груевски изготвиле план со намера да го загрозат уставниот поредок со акти на насилство за примопредавање на власта и организирале протести и постојано го намалување бројот на полициски службеници. Презеле мерки за да се изврши непречено влегување во Собранието, ангажирале лица за да извршат насилство. Груевски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ги повикал граѓаните на протести организирани и ги повикал граѓаните со зборовите „народот да не седи дома во папучи, да ја земе судбината во свои раце“. Вељаноски требало да оневозможи избор на претседател на Собранието, Јанакиески и Ристовски непосредно и секојдневно ги организирање протестите, Владимир Атанасовски и Никола Бошкоски кој е недостапен, а тогаш бил вработен во УБК, ги мобилизирале и координирале членовите на групата предводени од Кољо И Нинџа“, рече обвинителката Русковска.

Слични содржини