Русковска за спорната аудио снимка: Нема да го смени текот на судскиот процес за „Организаторите на 27 април”

од Берта Китинска

Барањето за изземање на Обвинителството за предметот „Организатори на 27 април”, поради снимката на која наводно се слуша нејзиниот глас, „апсолутно не може” да го смени текот на судскиот процес, смета спендираната јавна обвинителка Вилма Русковска.

– Снимка излезе во јавност уште некаде кон крајот на јули или почетокот на август. Законот е така поставен што никого не можеш да заборавиш во притвор. Секои 30 дена мораш или да бараш укинување или да бараш продолжување на притворот и за тоа одлучува Судот. Тоа целото е извадено од контекст. Во првите два месеци ги собирав другите докази и се прошируваше истрагата и Владимир Атанасовски не беше повикан да даде исказ и тоа е всушност тоа наводно заборавање, изјави денеска Русковска по дадениот исказ во Обвинителството, во врска со поднесената кривична пријава против неа за злоупотреба на службена должност.

Слични содржини