Руте го прекина одморот поради порастот на заразените во Холандија

од Vladimir Zorba

Поради нагло зголемување на бројот на новозаразени со коронавирус во Холандија, премиерот Марк Руте апелираше до туристите да ги избегнуваат најпрометните делови на Амстердам.

Ројтерс објави дека Руте го прекинала одморот кога дознал за извештајот на Националниот институт за здравство, во кој се вели дека 604 нови случаи на Ковид-19 биле регистрирани во последните 24 часа, 175 повеќе од претходниот ден.

Вчера, градоначалникот на Амстердам, Фемке Халсема, нареди да се носат заштитни маски во квартот „Црвени фенери“ во Амстердам, познат по проституцијата и популарен кај странските туристи.

Оваа мерка е спротивна на препораката на холандската влада дека маските не се задолжителни, освен во возила за јавен превоз.

Ставот на владата е дека не е докажано дека маските се ефикасна заштита од вирусот и дека нивното носење влијае врз луѓето да не почитуваат поважна мерка, а тоа е физичко дистанцирање.

Сепак, во Амстердам и Ротердам беше решено дека мора да се носат маски, што е во согласност со јунската препорака на Светската здравствена организација дека маските се задолжителни во продавниците и зафатените јавни места каде е невозможно да се задржи пропишаната физичка дистанца.

„Вирусот напредуваше опасно и ризикуваме да уништиме сè што постигнавме во претходните месеци. Ние не сакаме нова вонредна состојба, но нема да го постигнеме тоа туку така“, предупреди холандскиот премиер Руте.

Слични содржини