Руте повикува европските членки и Канада на квантен скок во придонесот за НАТО

од Љубиша Владимиров
173 прегледи

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во четвртокот ги повика европските членки и Канада да направат „квантен скок“ во зголемувањето на нивниот придонес во алијансата. Руте, кој го посети Вашингтон за разговори со американски официјални претставници, во годишниот извештај објавен во четвртокот напиша дека во 2024 година членките на европската алијанса и Канада инвестирале 19,4 отсто повеќе во одбраната во споредба со претходната година, но дека тие напори мора да се забрзаат во 2025 година.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека членките на НАТО треба да одвојат 5 отсто од својот БДП за одбраната, нешто што во моментов не го прави ниту една од нив, вклучително и Соединетите држави.

„Европските сојузници и Канада мора да направат квантен скок во придонесите и способностите што ги користат. За да се постигне ова, од клучно значење ќе биде да се инвестира значително повеќе“, напиша Руте.

Соединетите Американски Држави беа одговорни за 64 отсто од трошоците за одбрана на алијансата во 2024 година, а европските членки и Канада за 36 отсто, според извештајот, во кој исто така беше забележано дека минатата година 22 од 32 членки ја исполниле целта да потрошат најмалку два отсто од БДП за одбрана.

Слични содржини