Рутина од пет минути што ќе придонесе да имате подобар работен ден

од Stefanija Kuzmanovska

За успешен почеток на работниот ден потребно е да одвоите неколку минути пред почетокот на работното време, со цел да се подобри продуктивноста на работата, расположението, но и физичкото и менталното здравје. Ако не сте сами во канцеларија обидете се да дојдете на работа неколку минути пред другите за да го имате потребниот мир и тишина.

Прва минута – Затворете ги очите, исклучете го мобилниот телефон или таблетот затоа што тие се најголемите виновници за деконцентрација и непријатност.

Втора минута – Концентрирајте се на дишењето. Многумина забораваат дека правилното дишење е клучот за менталното здравје, бидејќи на тој начин оптималното количество кислород стигнува до мозокот и создава чувство на смиреност и удобност.

Трета минута – Сега кога сте целосно смирени и концентрирани, обидете се да ги запишете (или да нацртате) работните задачи за тековниот ден. На овој начин ќе имате подобар увид во обврските што ве очекуваат, а во исто време ќе бидете сигурни дека не доцните на состанок или на работен ручек.

Четврта минута – Откако ќе ги запишете своите идеи и работни обврски во тетратка, одвојте барем една минута за да прегледате и проверите сè уште еднаш. Често се случува при преглед на белешките да забележите дека случајно сте заборавиле да напишете нешто или можеби сте се сетиле на нешто во меѓувреме.

Петта минута – Затворете ги очите и поминете ја последната минута од оваа рутина во тишина и концентрација.

По оваа утринска вежба, сигурно ќе се чувствувате поопуштено и поподготвено за работниот ден.

Слични содржини