Рутинска победа на Тотенхем во Скопје (видео)

од Nikola Popovski

Македонија остана без клупски претставник во Европа, откако Шкендија во Скопје загуби од англискиот премиерлигаш Тотенхем (1-3) во рамки на третата квалификациска рунда и испадна од квалификациите за место во Лигата на Европа.

Многу рано уште во петтата минута играчите на Жозе Мурињо дојдоа во водство, одбраната на Шкендија не внимаваше најдобро, Сон убаво го пронајде Ламела кој само рутински ја испрати топката во мрежата на Захов (0:1).

https://twitter.com/thespursweb/status/1309192994348830722?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1309192994348830722%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fle-evrogolot-na-nafiu-ja-razbudi-shkendija-no-totenhem-ke-igra-vo-plej-ofot-foto-video%2F

Шкендија го шокира фаворитот со еден гол на стартот на вториот дел, ама ремек-делото на Нафиу не беше доволно четврти пат во историјата тимот од Тетово да игра за место во групите во најмасовното натпреварување на УЕФА.

Мурињо веднаш реагираше, ги внесе во игра Ло Селсо и Кејн, во обид да го избегне софиското сценарио и да трепери, па веднаш почнаа заканите. Во 70 минута Сон по една мешаница во шестнаесетникот успеа да постигне гол за 2:1.

https://twitter.com/thespursweb/status/1309212983860617218?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1309212983860617218%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fle-evrogolot-na-nafiu-ja-razbudi-shkendija-no-totenhem-ke-igra-vo-plej-ofot-foto-video%2F

По ова Шкендија веќе немаше сили да се врати во игра, а девет минути по голот на Сон, Хари Кејн ги постави конечните 1:3 токму по асистенција на Сон.

Тотенхем во последното коло од квалификациите за групната фаза од Лигата на Европа ќе игра против екипата на Макаби Хаифа.

loading...

Слични содржини