Ружин: Партиските интереси големиот кочничар на Македонија во унапредување кон ЕУ интеграците

од Destan Jonuzi

Потребна е ефикасна имплементација на постоечката легислатива, наместо да се покренуваат ад хок иницијативи, се наведува, меѓу другото, во нацрт-извештајот на Европската комисија за С. Македонија, кој ќе биде објавен во среда. Добар напредок има само во економските критериуми, а многу добри резултати има и во усогласеноста на државата со европската надворешна и безбедносна политика.

Во извештајот се наведува дека работата на парламентот била нарушена поради политичка поделеност која го одложила усвојувањето на многу закони. Потребно е добро планирање и консултации за да се ограничи носењето на законите по итна постапка, а пратеничките прашања треба да бидат почести.

„Потребни се одлучни напори за да се воспостави моментум за реформи и пристапување во процесот на преговори со ЕУ. Потребен е посебен фокус за да се обезбеди ефективно спроведување на постојното законодавство, наместо да се покренуваат ад хок иницијативи“, се наведува во извештајот.

Универзитетски професор и поранешен амбасадор на Македонија во НАТО, Нано Ружин вели дека забелешките на Европската Комисија (ЕК) се однесуват и на власта, и на опозицијата. Во однос на власта, додава тој, токму она нечестот свикување на седници за пратенички прашања е свуштност еден вид остапување од она класична форма на функционирање на опозицијата, односно контрола на власта.

– Контролата на власта се извршува со повеќе алатки, од поделбата на власта на извршна, судска и законодавна до слободата на медиумит, невладиниот сектор и пред се функцијата на опозицијата, значи се бара позачесестена и поактивна улога на опозицијата во парламентарниот живот. Забелешките за владељње на правото се однусаваат на фактот што ние и најубавите закони, нај ефеикасните закони што ги имаме, често пати остапувааме од нив, и затоа се бара пред се нивна примена и имплементација. Истотака неразбирливо е за развиените европски држави таа поделеност и блокирање на процедурите за носење закони и други елементи со кои се занимава нашата опозиција, изјави Ружин за „Локално“, коментирајќи ги забелешките на ЕК за напредокот на С.Македонија на патот кон ЕУ.

Според него, поделеноста во Собранието е резултат или од лошо направени текстови во правилникот односно во пропусти во нашиот Устав, или од недоволната желба да се има пред се една политичка енергија сите политички субјекти да се зафатат со националните високи интереси, а не само со партиските интереси.

– Фактот што не може да се најде двотретинско мнозиство за уставните измени што се договорени со францускиот предлог води на големата дилема дали се работи за типичен пропуст на пост-комунистичките држави или го губиме темпото на демократизација. Јас мислам дека тоа се типични болки на пост-комунизмот, на системот што се уште е недоволен до европските стандарди, а пак од своја страна тоа повлекува и други елементи како штое празнини во демократијата. Мислам дека прашањата повеќе се однесуват на политичката свест и на недостатокот на брзо напредување кон ЕУ интеграците, кога во прашање се партиски интереси, изјави универзитетски професор и поранешен амбасадор на Македонија во НАТО, Нано Ружин за „Локално“.

Д.Ј.

Слични содржини