Ружин: Санкциите на Бајден може да се однесуваат и на оние што не го почитуваат Договорот со Бугарија

од Nikola Popovski

„Бајден излезе со друга позиција отколку Трамп, а тоа е создавањето на мултилатерализам. САД се отворија и кон Балканот, се заангажираа околу односите со Кина и Русија и го напумпуваат НАТО“, вели поранешниот дипломат и политички аналитичар, Нано Ружин, коментирајќи ја извршната наредба на претседателот на САД, Џо Бајден за сите оние што го кршат спроведувањето на Преспанскиот и Охридскиот договор.

Според него, овие санкции што ги предложи Бајден делумно може да се однесуваат и на Договорот со Бугарија, во смисла доколку продолжат манипулациите со јавното мислење и лажните вести.

„Ова е еден вид потег од едукациска смисла, да се подигне политичката култура на демократскиот апспект и да се надминат самопрогласените патриоти. Тука главниот збор е безбедноста и дестабилизацијата на Балканот“, додава Ружин, во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини