С. Арабија ќе се “мери” со Русија: Ако не престанете со бомбардирања, ќе ја вооружуваме опозицијата!

од desk3

Руската воена интервенција во Сирија ќе има “опасни последици”, ќе ескалира граѓанската војна и ќе ги инспирира џихадисти од целиот свет да се вклучат во неа. Ова е пораката на саудискиот министер за одбрана до претседателот Владимир Путин со кого тој разговараше во Русија во неделата.

zx450y250_2627273

Позицијата, заедно со ветувањата за засилување на поддршката на умерената опозиција на претседателот Башар ал Асад, покажува колку сомнителна останува Саудиска Арабија за мотивите на Русите да влезат со сила во тековниот повеќе од 4 години сириски конфликт, коментира “Ројтерс”.

“Интервенцијата на Русите во Сирија ќе ги вовлече во една меѓу-општествена војна”, вели изворот на агенцијата. “Саудијците ќе продолжат да ја зајакнуваат и поддржуваат умерената опозиција во Сирија.”

Тоа била поизицијата и на министерот за одбрана принцот Мохамед бин Салман и на министерот за надворешни работи Адел ал Џубејр за време на нивните разговори со Путин и Сергеј Лавров во Сочи, каде рускиот претседател беше за кругот од шампионатот на Формула 1. Ова е втора средба меѓу нив оваа година, откако тие се видоа во јуни на економски форум во Санкт Петербург, а на 26 септември е последниот познат телефонски разговор на Путин со кралот Салман бин Абдел Азиз ал-Сауд. Руските напади почнаа на 30 септември.

Путин изјави во телевизиско интервју дека главната задача на руската операција е зајакнување на законската власт во Сирија. Не само Саудијците, но и другите Арапи од Персискиот залив се сомневаа дека првичните тврдења на Москва дека се борат против тероризмот, се само параван за спасување власта на Асад.

“Путин вели дека во Сирија нема никаква умерена опозиција и принцот сака лично да му објасни кого токму мора да сметаат за умерена група, кому и зошто помага Саудиска Арабија и како ќе продолжи да го прави тоа”, вели Александар Шумилин, директор на Центарот за анализа на блискоисточните конфликти кон Институтот за САД и Канада.

Изворот на “Ројтерс”, додава дека “последната ескалација ќе привлече екстремисти и џихадисти во сириската војна” и активностите на Кремљ ќе ги одбијат обичните сунити низ целиот свет. Џубејр рече на прес-конференцијата со Лавров дека ја изразил “нашата загриженост дека овие активности можат да бидат сфатени како алијанса меѓу Русија и Иран”.

zx450y250_2627274

Саудиска Арабија ја предупреди Русија за “опасни последици” од интервенцијата во Сирија

Во саботата Путин разговараше за Сирија и ситуацијата на Блискиот Исток и со престолонаследникот на Абу Даби принцот Мохамед бин Зајед ал Нахијан. Рускиот претседател истакна на почетокот на разговорите, дека постои можност да разговара и “особено во светлината на последните терористички напади во Турција”. Абу Даби е едно од Обединетите Арапски Емирати.

Израелскиот аналитичар Зеев Хани вели дека сите инволвирани страни во Сирија изгледаат подготвени да ги прифатат руските војници како фактор во регионот, но за нив, вклучувајќи и за Саудијците, важно е да се договорат со Москва за одбележување на одредени рамки. Според нив Москва може да добие извесна слобода на акцијата, но само додека не се менува на радикален начин балансот на интереси во регионот. Во исто време Путин сака зачувување на режимот на Асад – со него или без него – против некакви свои услови.

Делегацијата ја повика Русија да се приклучи на веќе постоечката меѓународна коалиција од над 20 држави, напаѓачи на “Исламска држава”, како и да прифати дека Асад треба да си замине како услов за мир и политички транзиција.

Саудиска Арабија е една од седумте држави кои по првиот ден на руските напади ја повикаа Москва да престане да ја бомбардира опозицијата. Ставот беше објавена од Турција, а зад неа застанаа уште САД, Велика Британија, Франција, Германија и Катар.

Во петокот ББС објави, повикувајќи се на извор во Владата во Ријад дека како одговор на руските напади кралството планира да ги зголеми испораките на оружје за вооружената опозиција, вклучувајќи ја и Сириската слободна армија и групите “Јужен фронт” и Џеј ал Фатх

Слични содржини