С. Македонија бележи подобрување според извештајот на Репортери без граници

од Andreja Salpe

Денеска е објавен последниот извештај на Репортери без граници , за сите земји во светот, каде што Северна Македонија бележи подобрување од две места во глобалниот индекс, но и понатаму останува проблемот со заканите и нападите кон новинарите и медиумител

Од организацијата за слобода на медиумите и заштита на новинарите во светот велат дека пандемијата од Ковид-19 се злоупотреби за да се ограничи работата на новинарите и нагласуваат дека ситуацијата со медиумите се влошува во сѐ повеќе земји во светот.

Најдобро котирана останува Норвешка петта година по ред, следуваат Финска, Данска и Шведска. На дното се Северна Кореа на 179-то место, потоа Туркменистан и Кина.

Северна Македонија од 92 се искачи на 90-то место во глобалниот индекс, но описот на состојбата е критичен за 2020 година, а земјата е полошо пласирана од Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, но подобро од Србија, Црна Гора и Бугарија.

Како поради пандемијата така и поради парламентарните избори.

Слични содржини