С.Македонија ги поддржала санкциите кон Белорусија

од Nikola Popovski

С. Македонија, Црна Гора и Албанија се меѓу седумте земји кои не се членки на ЕУ, а кои се приклучиле на санкциите наметнати врз Белорусија од страна на ЕУ како одговор на пресметката со протестите против претседателот Александар Лукашенко по спорните претседателски избори во август, објави ЦДМ, а пренесува српска „Политика.

Високиот комесар на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел во изјавата наведува дека казнените мерки се поддржани од Црна Гора, С. Македонија, Албанија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Украина.

„Тие земји ќе осигурат дека нивните национални политики се во согласност со оваа одлука на Советот на ЕУ. ЕУ ја зема во предвид оваа обврска и ја поздравува“, стои во соопштението на Борел.

Александар Лукашенко, кој владее со Белорусија 26 години, се соочува со речиси секојдневни протести со барање за негова оставка по изборите на 9 август, кои опозицијата ги смета за нерегуларни, а Западот одбива да ги признае резултатите.

Слични содржини