С.Македонија го почнува походот на Европското против Словенија

од Vladimir Zorba

С Македонија го започнува својот поход на европското ракометно првенство кое започнува денеска. Домаќини на годинашното ЕП се Унгарија и Словачка.

„Жолто-црвените“ обезбедија место на собирот преку квалификациите и ја чекаат три средби во првата, групна фаза, против селекциите на Словенија, Црна Гора и Данска.

Македонските ракометари ќе играат во групата во Дебрецин, Унгарија.

Вечер од 18 часот, избраниците на селекторот Кире Лазаров ќе се сретнат со Словенија, по два дена (15 јануари) во исто време со Црна Гора, додека, на 17 јануари од 20:30 часот силите ќе си ги одмерат со Данска.

Ракометната репрезентација на Македонија досега учествувала на вкупно шест Европски првенства и тоа во Италија (1998), Србија (2012), Данска (2014), Полска (2016), Хрватска (2018) и Австрија, Норвешка, Шведска (2020).

Слични содржини