С.Македонија и Бугарија ќе соработуваат во областа на земјоделството

од Vladimir Zorba

Бугарската Влада го одобри нацрт меморандумот за разбирање помеѓу Министерството за земјоделство, храна и шумарство на Република Бугарија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија за соработка во областа на земјоделството, земјоделските науки, руралните области и шумарството.

Документот е основа за продлабочување на соработката меѓу двете министерства преку размена на научни и технички информации, пренесување на експертиза, споделување на добри практики и развој и имплементација на заеднички истражувачки програми.

Бугарија и Северна Македонија, исто така, ќе соработуваат во области како што се органското производство и преработката на органски земјоделски производи, биотехнологии во растително и добиточно производство, селекција и размножување во сточарствотото, како и прекугранична соработка во руралните области.

Слични содржини