С. Македонија може да го плаќа гасот во рубљи доколку е потребно

од Nikola Popovski

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска–Бежоска денеска информира дека домашните институции може во рубљи да плаќаат за рускиот природен гас доколку е тоа потребно.

-Сите предуслови се создадени и не гледам дека треба да има некоја пречка за плаќање на начин на којшто е потребно, рече Ангеловска-Бежоска во одговор на прашањето на денешната прес-конференција заедно со потпретседателката на ЕИБ Лилјана Павлова дали С. Македонија е подготвена да го плаќа природниот гас во руски рубљи.

Гувернерката на Народната банка истакна дека по цела декада ниска инфлација, сега скоро сите економии забележуваат повисоки стапки. Околу половина од економиите во развој забележаа инфлација повисока од 7%, или највисоко ниво во изминатите две децении, додека, последните податоци покажуваат дека ценовните притисоци можат да траат подолго од очекуваното.

Меѓународните финансиски институции ги зголемуваат проекциите за инфлацијата, додека ги намалуваат очекувањата за годинешниот раст. Сепак и со најновите проекции се очекува позитивен економски резултат, како во глобални рамки така и во домашната економија.

Слични содржини