С. Македонија поразена и од Црна Гора на Европското во ракомет

од Vladimir Zorba

Македонската ракометна репрезентација загуби вечерва од Црна Гора со 24-28 во рамки на второто коло на европскиот ракометен шампионат.

По поразот и од Словенија во првото коло, „жолто-црвените“ останаа без шанси за пласман во следната фаза на Европското првенство.

Нашите слабо почнаа, дадоа едвај 3 гола за 3 минути, но фатија резултатски приклучок на крајот на првото полувреме (16:17).

Второто полувреме го одигравме доста лошо, а Никола Митревски со 6 интервенции во вториот дел ги држеше работите колку толку неизвесни. Црногорците сепак го контролираа финишот од средбата и ја сочуваа предност до самиот финиш од натпреварот.

Најдобар стрелец во македонскиот тим беше Велковски со 6 гола, Цветан Кузманоски реализираше пет, додека Филип Кузмановски и Мартин Серафимов се запишаа по три пати во листата на стрелците.

Кај Црногорците, Вујовиќ и Анѓелиќ дадоа по шест гола.

Последниот натпревар на ЕП 2022, нашата репрезентација го игра на 17 јануари, понеделник, против Данска која важи за главен фаворит за првото место на шампионатот на стариот континент.

Слични содржини