С. Македонија се придружи кон воздушната блокада на Белорусија

од Nikola Popovski

С. Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Шпанија, Лихтенштајн и Норвешка се приклучија на одлуката на ЕУ за забрана за белоруски авиокомпании да користат воздушен простор и аеродроми на ЕУ, се вели во изјавата на шефот на Европската комисија, Жозеп Борел.

„Тие ќе ја усогласат својата национална политика со одлуката на Советот на Европската унија. ЕУ ја забележува оваа обврска и ја поздравува“, се вели во документот.

Инцидентот со принудно слетување во Минск

Да потсетиме, на белоруските авиокомпании им е забрането користење на воздушниот простор и аеродромите на Европската унија од 5 јуни. Како што најави шефот на Европскиот совет, Шарл Мишел, од 5 јуни на полноќ, на сите авиони на белоруските авиокомпании им е забрането да слетаат, полетуваат или летаат над територијата на Европската унија. Официјалната одлука на Советот на Европската унија прецизира дека забраната не важи за хуманитарните летови, како и за присилни слетувања и итни летови.

Забраната за летови е прва официјално објавена мерка на Европската унија против Белорусија по инцидентот со слетувањето на авионот на компанијата „Рајанер“ во Минск на 23 мај.

Слични содржини