С. Македонија трета во свет по бројот на смртни случаи, Филипче најави детална анализа за високата смртност  

од Берта Китинска

Минситерот за здравство, Венко Филипче најави дека ќе се прави анализата за  високата смртност од коронавирус во Македонија.

-Една подетална, која што ќе ја анализира здравствената состојба на пациентите. 73 пациенти кои починале имале најмалку 2 хронични болести. Ова бара детална анализа. Здравствената состојба, пристапот во редовноста во земањето терапија, начинот на лекување, колку често се јавувале на прегледи. Тоа е една важна анализа,рече Филипче.

Според статистиката која „Франс прес“ ја објави нашата земја е на третото место според бројот на смртни случаи.

Најмалку четири милиони и 715.909 луѓе починаа од коронавирус во светот, додека повеќе од 230 милиони и 024.390 луѓе беа заразени, стои во најновиот биланс, што денес го објави „Франс прес“.

Меѓу најтешко погодените земји, Перу има најмногу смртни случаи во однос на бројот на населението, 604 на 100.000 жители. Потоа следуваат БиХ (316), Северна Македонија (313), Унгарија (312), Црна Гора (298) и Бугарија (291).

Латинска Америка и Карибите имаат 1,478,016 смртни случаи (44,571,529 заразени), Европа 1,295,187 смртни случаи (66,590,721 заразени), Азија 829,338 смртни случаи (53,202,700 заразени), САД и Канада 708,686 смртни случаи (44,130,365 заразени), Африка 207,179 смртни случаи (8,198,198) Блискиот Исток 195.505 смртни случаи (13.167.368 заразени) и Океанија 2.004 смртни случаи (163.511 заразени).

„Франс прес“ прави дневен биланс врз основа на државните податоци од земјите во светот и информациите од Светската здравствена организација.

Слични содржини