С. Македонија тргнатa од германската „црвена листа“ за патувања поради короната

од Vladimir Zorba

Поради намалување на бројот на нови случаи на Ковид-19, С. Македонија и другите земји од Западен Балкан од вчера се тргнати од германската „црвена листа“ за патувања поради коронавирусот, објави Институтот Роберт Кох.

Новите правила за патување ќе важат од утре.

Покрај Македонија, од „црвената листа“ во регионот се симнати и Србија, БИХ, Косово и Црна Гора и повеќе не се третираат како ризични земји.

Слични содржини