САД: 62 милиони вакцини „Џонсон и Џонсон“ можеби ќе треба да се уништат

од Vladimir Zorba

Уште 62 милиони дози од вакцината „Џонсон и Џонсон“ се во опасност, откако 15 милиони дози пропаднаа во фабриката во Балтимор каде се направени.

Во февруари, работниците на „Емерџент Бајосолушнс“, компанија позната по производство на вакцини против антракс, несакајќи контаминирале 15 милиони дози на вакцини „Џонсон и Џонсон“ мешајќи ги со „АстраЗенека“, уништувајќи го целиот контингент, објави „Бизнис инсајдер“.

Во меѓувреме, произведени се уште 62 милиони дози вакцина „Џонсон и Џонсон“, но сè уште не се тестирани, па постои можност тие да бидат контаминирани, се додава во текстот на „Тајмс“.

Ако се покажат дека се, тие ќе мора да бидат уништени.

Фабриката, која прави вакцини, но не ги пакува во шишиња, досега има произведено најмалку 150 милиони дози вакцини „Џонсон и Џонсон“.

Слични содржини