САД бараат од Косово да не почнува со казни и итно да се формира ЗСО

од Nikola Popovski

Амбасадорот на САД во Косово, Џефри Ховениер, ја повика владата во Приштина итно да започне преговори за формирање Заедница на општини со српско мнозинство (ЗСО).

– Предлогот за ЗСО мора да биде на маса – изјави Ховенир во разговор со новинарите во Приштина, пренесе Радио Слободна Европа.

Тој, исто така, одговори на прашањето дали Заедницата би можела да биде нешто како ентитетот на Република Српска во Босна и Херцеговина, велејќи дека „тоа не е соодветно, ниту пожелно ако се земе предвид како Заедницата би функционирала на Косово“.

„Одлуката на вашиот Уставен суд дава некои параметри кои гарантираат дека тоа нема да биде случај. Постојат многу начини на кои владата на Косово може да ја исполни оваа обврска што ја презеде и да ја избегне ситуацијата како во случајот со Република Српска“.

Тој, исто така, ја повика Владата на Косово да го одложи за десет месеци спроведувањето на одлуката за пререгистрација на возилата од српски на таблички со ознаките РКС (Република Косово).

Владата на Косово да не почне да ги казнува возачите кои возат автомобили со српски регистарски таблички, вели амбасадорот кој тоа го побара директно од Владата.

Коментарите на Ховениер доаѓаат пет дена откако српските претставници ги напуштија косовските институции, вклучително и парламентот и владата.

„Ние веруваме дека повлекувањето на косовските Срби од косовските институции не е решение за актуелните спорови и загрижени сме дека тоа има потенцијал дополнително да ги зголеми тензиите на теренот.

„Одлуката на Владата и самиот процес се во согласност со Договорот од Брисел, но од почетокот изразивме загриженост за тоа како ќе се спроведе. Остануваме загрижени, што стана уште поизразено во сегашните околности, затоа бараме од Владата да не продолжи.со овој план таа го претстави на почетокот на месецот“.

Слични содржини