САД: Доколку не се воведе лимит, глобалната цена на нафтата може да порасне за 40 отсто

од Vladimir Zorba

Глобалната цена на нафтата би можела да се зголеми за 40 отсто до околу 140 долари за барел доколку не се усвои предложеното ограничување на цената на руската нафта, заедно со изземањето од санкциите што ќе овозможат испораки под таа цена, изјави денеска висок претставник на американското Министерство за финансии.

Целта е да се постави цената на ниво што ја покрива руската производна маржа за да се охрабри Москва да продолжи со тој извоз, но што би било недоволно за да и се овозможи да ја финансира војната против Украина, изјави неименуван американски функционер, пренесе Ројтерс.

Јапонските власти изразија загриженост дека предложеното ограничување на цената е премногу ниско, но не ја отфрлија целосно можноста за опсег од 40 до 60 долари за барел, изјави претставник на американското Министерство за финансии.

Слични содржини