САД ги менува правилата: Ќе евидентира само хоспитализирани и починати од корона

од Nikola Popovski

Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) започнуваат да ги евидентираат само пациентите заразени со вирусот Ковид-19 кои биле хоспитализирани или починати за да се зголеми квалитетот на податоците собрани за случаите од најголемо клиничко и здравствено значење.

Промената во известувањето ќе започне на 14 мај 2021 година, соопшти ЦДЦ, истакнувајќи дека поради подготовките за тие измени, бројот на пријавени случаи нема да се ажурира на 7 мај 2021 година.

Американскиот центар вели дека вакцините против Ковид-19 се ефикасни и се клучна алатка за ставање под контрола на пандемијата.

„Сепак, ниту една вакцина не е стопроцентно ефикасна во спречување на болести. Поради тоа, ќе имаме помал број на луѓе кои се заразени, хоспитализирани или починале, и покрај тоа што се целосно вакцинирани“, соопштиле од ЦДЦ.

Тие забележуваат дека повеќе од 95 милиони луѓе во САД се целосно вакцинирани.

„Како и со другите вакцини, ќе има случаи на реакции на вакцината, иако вакцините функционираат како што се очекуваше. Исто така, ќе има асимптоматски инфекции меѓу вакцинираните лица“, рекле ЦДЦ, истакнувајќи дека има некои докази дека вакцинацијата може да ја направи болеста помалку сериозна.

ЦДЦ наведува дека сегашните податоци сугерираат дека вакцините против Ковид-19 одобрени за употреба во САД нудат заштита од повеќето варијанти на САРС-КоВ-2 кои циркулираат во САД.

Слични содржини