САД ги осудија настаните во Белорусија: Изборите не беа ниту слободни, ниту фер

од Nikola Popovski

САД го осудуваат насилството врз демонстрантите во Белорусија и го повикуваат Минск да ги почитува правата на граѓаните на мирни собири, да се воздржи од употреба на сила и да ги ослободи уапсените, изјавил американскиот државен секретар Мајк Помпео.

„САД се длабоко загрижени за начинот на одржување на претседателските избори во Белорусија на 9-ти август. Тие не беа ниту слободни, ниту фер. Ја повикуваме белоруската влада да го почитува правото на Белорусите да учествуваат во мирни протести, да се воздржат од употреба на сила и да ги ослободат сите што погрешно биле уапсени. Ние го осудуваме насилството врз демонстрантите и апсењето на оние кои ја поддржуваат опозицијата, како и блокирањето на Интернет-ресурсите со цел да се ограничат граѓаните на Белорусија да разменуваат информации за изборите и демонстрациите“, се вели во соопштението на Помпео.

Според Помпео, „владата на Белорусија мора да ја докаже во пракса својата посветеност кон демократските принципи и почитувањето на човековите права“.

Да потсетиме дека претседателските избори вчера се одржаа во Белорусија, на кои победи претседателот на Републиката, Александар Лукашенко. По затворањето на избирачките места во неколку белоруски градови започналемасовни протести. Во судирите повредени се околу стотина лица, од кои неколкумина се хоспитализирани, а вкупно биле уапсени околу 3.000 луѓе. Против нив била покрената кривична постапка за предизвикување масовни немири и напад врз полицијата и се соочуваат со 8 до 15 години затвор.

Слични содржини