САД го отфрлаат турското решение со„две држави“ на Кипар

од Nikola Popovski

САД отфрлаат какво било решение за Кипар во кое би биле вклучени две земји, што неодамна го предложи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, рече американскиот потсекретарка за политички прашања Викторија Нуланд.

На прашањето за време на собраниското сослушување дали американската администрација ја отфрла таквата опција, Нуланд одговори: „Да, апсолутно. Веруваме дека само процес предводен од Кипарци, двете зони и двете заедници, може да донесе мир и стабилност на Кипар“, рече потсекретарката на САД за политички прашања, пренесува Ројтерс.

За време на посетата на северниот, турски дел на Кипар, турскиот претседател Ердоган рече дека „не може да се постигне напредок во преговорите ако не се прифати дека има два народа и две држави на островот“.

Кипар е поделен помеѓу Република Кипар, членка на Европската унија, која има моќ во јужниот дел на островот и самопрогласената Турска Република Северен Кипар, прогласена во 1983 година, што е единствената признаена од Турција.

Турскиот претседател најави и продолжување на повторното отворање на Варош, фантомски град, кој е симбол на поделбата на овој медитерански остров.

Преговорите за судбината на Кипар се закочени од 2017 година. Во април, обидот за рестартирање на разговорите организирани од ООН, кои ја следат тампон-зоната меѓу двата дела на островот, заврши без успех.

Слични содржини