227
САД се длабоко загрижени поради воените дејствија на Азербејџан во Нагорно-Карабах и го повикуваат Баку веднаш да ги прекине, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
– Овие акции ја влошуваат и онака лошата хуманитарна ситуација во Нагорно-Карабах и ги саботираат изгледите за мир, рече Блинкен во пишана изјава.
– Повикуваме на итен прекин на вооружените дејствија и на дијалог со почит меѓу Баку и претставниците на народот на Нагорно-Карабах, додаде тој.