САД го предупредиле Израел дека нападите на иранската нуклеарна програма се непродуктивни

од Milan1

САД го предупредиле Израел дека нападите на иранската нуклеарна програма се непродуктивни и дека израелските акции му овозможиле на Техеран да ја подобри способноста за збогатување ураниум, јави денеска Њујорк Тајмс.

Израел, наводно, го отфрлил американскиот став, пренесува весникот.

Официјални лица изјавија за Њујорк тајмс дека Иран ја зголемил и подобрил безбедноста во своите нуклеарни постројки и дека нападите како оној врз фабриката за збогатување ураниум во Натанц што му се припишуваат на Израел, на почетокот на ноември, повеќе не се можни.

Овој месец во Виена ќе започнат преговорите со Иран за можното враќање на нуклеарниот договор од 2015 година

Извори од Вашингтон изјавија за американскиот весник дека некои од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден веруваат дека укинувањето на дел од санкциите наметнати на Иран, во замена за забавување на напорите за создавање резерви на ураниум, ќе биде поефикасно за забавување на иранската нуклеарна програма отколку санкциите.

Слични содржини