САД и 12 земји го потпишаа Индо-пацифичкиот економски договор

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден изјави дека 12 земји денеска се приклучија на новиот трговски договор, индо-пацифичката економска рамка, за која Белата куќа тврди дека ќе ѝ овозможи поблиска економска соработка со азиските земји.

„Овој договор ќе ни помогне да ги подготвиме нашите економии за иднината по нарушувањата поради пандемијата на коронавирус и руската инвазија на Украина“, се вели во заедничката изјава на земјите потписнички, пренесува АП.

Покрај САД, потписници на договорот се и Австралија, Брунеи, Индија, Индонезија, Јапонија, Јужна Кореја, Малезија, Нов Зеланд, Филипините, Сингапур, Тајланд и Виетнам, а соработката е пред се поврзана со снабдувањето, дигиталната трговија , чиста енергија и борба против корупцијата.

Слични содржини