САД и ЕУ планираат да изградат силоси за жито на границата со Украина

од Nikola Popovski

САД и ЕУ имаат намера да изградат привремени силоси за транспорт на пченица на границата со Украина, изјави американскиот претседател Џозеф Бајден.

„Планираме да подигнеме привремени силоси на границите на Украина, вклучително и Полска“, рече Бајден за време на говорот на собирот во Филаделфија.

Како што појасни, за реализација на овој план е потребно време, а целта е пченицата од тие силоси да се транспортира во Европа и во целиот свет.

Тој додаде дека во Украина има 20 милиони тони жито.

Слични содржини