САД и Јужна Кореја ќе извршат посилен притисок врз Северна Кореја

од desk3

Претседателите на Јужна Кореја и на САД се договориле да извршат поголем притисок преку санкции врз Јужна Кореја поради нејзините ракетни и нуклеарни проби, соопшти агенцијата “Ројтерс”, повикувајќи се на кабинетот на јужнокорејскиот претседател.

Тензиите меѓу САД, Јапонија, Јужна Кореја и Северна Кореја повторно се зголемија, откако  Северна Кореја истрела ракета од периферијата на главниот град Пјонгјанг, како таа прелетаа над Јапонија и падна во Тихиот Океан на околу 2.000 километри од Хокаидо. Јапонците во северниот дел на земјата беа предупредени да се скријат и да се бидат подалеку  од прозорците.
Овој ракетен истрел се случи  две недели по нуклеарната хидрогенска бомба.

Мун Је Ин и Доналд Трамп денес зборуваа по телефон и се согласија на оваа тема.

“Двајцата водачи се согласија да ја зајакнат соработката и да воведат строги и ефективни санкции на Северна Кореја, па таа да разбере дека провокативните дејствија водат до понатамошна политичка изолација и економски притисок”, изјави претседателскиот портпарол Пак Су-Хјун на прес-конференција во Сеул.

Слични содржини