САД им испраќаат четири милиони дози од АстраЗенека на Канада и Мексико

од Nikola Popovski

САД имаат намера да испратат околу четири милиони дози од вакцината АстраЗенека на Мексико и Канада. Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера објави дека вакцината АстраЗенека е безбедна и ефикасна вакцина која не е поврзана со поголем ризик од тромбоемболизам, но, како што тврдат, не може да се исклучи поврзаноста помеѓу овие случаи и вакцинацијата.

Повикувајќи се на неименуван извор од американската влада, агенцијата тврди дека Мексико ќе прими околу 2,5 милиони дози на вакцина, а Канада 1,5 милиони, бидејќи „вирусот не познава граници“ и САД сакаат да им помогнат на своите глобални партнери.

Вашингтон беше критикуван од неговите сојузници дека не дели вакцини со нив, особено АстраЗенека, чија употреба е одобрена во други земји, но сè уште не е во САД.

Компанијата објави дека ќе има 30 милиони дози од вакцината произведени во САД и подготвени за употреба до почетокот на април.

Неколку часа пред изјавата на ЕМА, СЗО повторно повика на продолжување на вакцинацијата со АстраЗенека.

Советодавниот комитет на СЗО за безбедност на вакцините утре треба да објави проценки за вакцината АстраЗенека, додаде здравствената организација на ООН.

Слични содржини